- Македонски
- English
ОНИЕ СО ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА САКААТ ДА ИМ ЗЕМАТ НА РАБОТНИЦИТЕ 2.500 ДЕНАРИ
Сојузот на синдикатите на Македонија е изненаден што Предлог на закон за административни службеници, по скратена постапка повторно е ставен на собраниска седница која треба да се одржи денеска.
Укажуваме дека праксата со злоупотребата на европското знаме за кратење на времето за дебата, оневозможување на консултација со синдикатите, со стручната јавност и со сите засегнати страни, особено за кратење на работничките права е недозволиво во едно демократско општество.
Со Предлог на законот за административни службеници, по скратена постапка, ќе се направи непоправлива штета по платите на вработените за кои се применува овој закон, особено поради тоа што на мала врата се крати правото на вработените да добијат усогласување на нивните плати со минималната плата од месец март 2024 година и на тој начин секој еден вработен ќе добие најмалку 2.500 денари започнувајќи со исплатата на мартовската плата која се исплаќа најдоцна до 15 април 2024 година.
На сила, спротивно на интересите на работниците, на само неколку денови пред завршувањето на февруари и пред стапувањето на новата минимална плата која стапува на сила во месец март и започнува да се исплатува со исплатата на платата за месец март во тековната година се обидуваат не само во последните денови од мандатот на пратеничкиот состав, туку и во последните денови пред работниците да го добијат законското усогласување, да им земат на работниците и на нивните семејства по 2.500 денари од платата оние кои примаат 2.500 евра плата месечно.
Бараме, како краен механизам, да не се овозможува и кворум за работа на собранието по оваа точка за да не можат да ја гласаат и на таков начин да се упати порака дека со работниците нема играње, тоа се човечки судбини.
Гласајте прво за кратење на Вашите плати, а не за кратење на нашите ( работничките ) плати !