Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Онлајн останок за состојбата со платите во Источна Европа

Денес се одржа онлајн состанок помеѓу лидерите на синдикатите од Источна Европа, на кој се разговараше за социјалните и економските последици од ниските плати во земјите од Источна Европа. На состанокот, креаторите на политиките на ЕУ дискутираа за тоа како ЕУ може позитивно да влијае на зголемување на платите и условите за работа - не само во земјите-членки, туку и во останатите. На овој состанок присуствуваа високи претставници од Европскиот економски и социјален комитет, претставници на претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ, Европската комисија и Европскиот парламент.

Меѓу другото, на состанокот се презентираше Извештајот објавен на почетокот на 2020 година: Платите што водат кон сиромаштија, кој објаснува како ниските плати ја влошуваат сиромаштијата, нееднаквоста и масовната миграција од Исток кон Запад - сериозно загрозувајќи ги европските социјални и економски цели и интеграции. Кризата со КОВИД-19 дополнително изврши огромен притисок врз платите и условите за работа во регионот, туркајќи милиони работници на ниско платени работни места, што дополнително доведе до ризик од создавање огромна социјална и економска нерамнотежа во регионот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.