- Македонски
- English

ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ
Сведоци сме дека власта без срам и чуство за одговорност ги убедува работниците дека за пораст на платите треба да се почека и сето тоа да оди постепено и бавно, за сметка на енормното покачување од 78% на нивните плати кое се реализираше веднаш и за кое носителите на власта нема потреба да чекаат.
Без срам и чувство на одговорност власта ќе направи робови од работниците во сопствената држава кои ќе работат 12 часа дневно само заради исполнување на нечии бизнис интереси, под превезот на национален интерес.
Сите овие причини, дискриминаторскиот однос на власта немањето на слух за егзистенцијалните потреби на работниците резултираа со голем број на штрајкови и протести организирани од работниците и синдикатите , пред се од ССМ и синдикатите здружени во ССМ.
Поради неправдите кон работниците на Први Мај со почеток во 12 часот од пред зградата на ССМ во Скопје организираме ПРОТЕСТ под мотото РАБОТНИЦИТЕ СЕ ДРЖАВАТА на кој сите заедно, работници, синдикати, граѓани и синдикалци треба да застанеме и да покажеме единство и солидарност и да ги спречиме намерите и лошите владини политики.
Првомајскиот протест организиран од најстариот и најбројниот синдикат во државата, ССМ, е единствен начин власта да го слушне гласот на сите нас , работниците и граѓаните , затоа што сметаме дека продолжува практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека нашите социјални партнери, работодавачите и носителите на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот туку единствено и исклучиво работат за своите интереси, а поради таквиот однос протестите ќе продолжат со засилено темпо и по 1 Мај.
Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78% или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството!
ДА ЖИВЕЕ ПРВИ МАЈ !