Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОСТАНУВА УШТЕ МАЛКУ ВРЕМЕ ПРИВРЕМЕНИОТ СТЕЧАЕН УПРАВНИК И УПРАВИТЕЛОТ НА БАРГАЛА АД ШТИП ДА ГИ ВРАТАТ НЕЗАКОНСКИ ОТПУШТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ НА РАБОТА И ДА ГИ ПЛАТАТ ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ

За 26.08.2021 година со почеток во 09.30 часот во Основниот суд Штип е закажано рочиштето за изјаснување по предлогот и испитување на условите за отварање на стечајна постапка над должникот Баргала АД Штип по предлог на голема група на вработени.

За жал до денес, според нашите информации сметките на должникот и понатаму се блокирани подолго од 45 дена, како и не се исплатени ниту платите за спорните месеци на работниците ниту пак незаконски отпуштените работници се вратени на работа и покрај тоа што е констатирано од страна на Државен иснспекторат за труд дека незаконски постапувал работодавачот.

Сојузот на синдикатите на Македонија во изминатиот период одржа и средби со привремениот стечаен управник и со претставник на работодавачот се со цел да се изнајде решение и предложи низа на мерки за надминување на состојбата во интерес на работниците но за жал ниту привремениот стечаен управник ниту работодавачот не ги прифатија ниту постапија во интерес на работниците.

Работодавачот наместо законски да постапува и да исплаќа плати на работниците и да ги врати на работа оние кои незаконски ги отпуштил, според наши информации повторно вршел исплата на некаква плата спротивно на закон од околу 600 денари.

Дополнително не сакаме да веруваме дека информациите кои пристигнуваат до ССМ се вистинити, а тоа е дека привремениот стечаен управник му одобрил на работодавачот, имајки ја во предвид општата забрана за располагање без одобрение од стечајниот управник, согласно Решението СТ.бр.12/21, наместо да ги врати работниците кои незаконски ги отпуштил од работа и да постапи по издадените Решенија од надлежните инспекциски служби, да ангажира адвокатска канцеларија за изготвување на приговори/ жалби по Решенијата од Државниот инспекторат за труд за сите работници поединечно и тоа над 80, а имајќи ги во предвид адвокатските трошоци согласно адвокатскиот тарифник и наместо да му одобри исплата на законски утврдената плата и враќање на работа на работни, парите да се потрошат за адвокатски или други услуги кои моментално не се од значење за работењето на Друштвото.

ССМ веќе има поднесено Кривични пријави кои доколку овие наводи се покажат за вистинити ќе бидат дополнети и ќе бидат поднесени и нови против сите инволвирани страни и ќе бара најстроги казни за сторителите.

Согласно извршените консултации со ДИТ, АВРМ и другите надлежни институции, ССМ се обраќа до привремениот стечаен управник и управителот на Баргала АД Штип со барање да се постапи по Решенијата на Државниот инспекторат за труд и незаконски отпуштените работници да бидат вратени на своите работни места како и да бидат исплатени незакнски неисплатените плати на вработените, а повикуваме веднаш и без одлагање да постапат согласно Закон имајќи го во предвид законскиот рок за одржување на утрешното рочиште.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.