Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАВАЧОТ И КООРДИНАТОРИТЕ НА СОВЕТНИЧКИТЕ ГРУПИ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Поради тоа што Градоначалничката Данела Арсовска одбива да се сретне со претставниците на работниците од Синдикатот СУТКОЗ, а во врска со случувањата во ЈП Водовод и канализација Скопје и сега во ЈП Комунална хигиена Скопје, претставниците со Синдикатот СУТКОЗ при ССМ од Синдикалните организации при ЈП Водовод и канализација и ЈП Комунална хигиена Скопје остварија средба со Претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски и координаторите на советничките групи во Советот на Градот Скопје, ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија, СДСМ – коалиција Најдоброто за мојата општина, ЛДП, ДУИ, Левица, Коалиција движење одлучно за промени, Коалиција Алијанса на Албанците и Алтернатива и Група на избирачи.

На состанокот координаторите на советничките групи беа запознаени со состојбите во јавните претпријатија, дека во ЈП Водовод и канализација Скопје веќе се спроведува постапка за отпочнување на штрајк кој ќе започне веднаш по истекот на законските рокови, а поради Непочитувањето на Закон и колективните договори во врска со правата од работен однос на работниците од страна на в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Непостапување по задолженија и решенија од надлежни инспекциски органи од страна на в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Неспроведување на Одлуките на Управниот одбор од в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Непочитување на правата од работен однос од страна на в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Самоволие и самовластие на в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје кое предизвикува вознемирување кај работниците и создава страв, непријателско и понижувачко однесување кон нив, Дискриминаторско однесување од страна на в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје кон работниците и вршење на психичко вознемирување на работниците чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место, нечовечки однос на в.д директорот кој се осветува на синдикалците и работниците во претпријатието ЈП Водовод и канализација Скопје и праќа пораки со заканувачка содржина, Неисплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, придонеси за здравствено осигурување, поради тоа што вработените во ЈП Водовод и канализација се плашат за нивната егзистенција и нивните работни места.

Синдикалците информираа дека доставено е Барање односно известување до МТСП за настанување на спор односно штрајк во ЈП Водовод и канализација Скопје како и Писмено предупредување до в.д Директорот и Управниот одбор за Одлуката за користење на правото на штрајк.

Ги запознаа дека в.д директорот Митовски, иако се обидуваше јавно да манипулира дека нема, против него има пресудата I K бр.296/96 со која в.д директорот Марјанче Митовски е осуден за виновен за напад со нож на друго лице и Решение I K бр.296/96 со кое заменува паричната казна со казна затвор, пресуда VII К.бр.420/93 со која е огласен за виновен Марјанче Митовски поради тоа што со пивско шише повредил друго лице со што сторил кривично дело телесна повреда, како и за Извештајот од специјалист во кој е утврдено дека Марјанче Митовски има дијагноза F41.2 – Мешано анксиозно и депресивно растројство, а дополнително е наведено дека лицето има конфликтна состојба на работа, напнат, вознемирен, со лоши мисли, нерасположен е....

Ги запознаа и дека на 113 работници во ЈП Комунална хигиена Скопје не им се продолжува ангажманот во претпријатието без притоа да има обрзаложение за причините поради кои повеќе од 113 семејства без никаква најава од 4.11.2022 година се оставени без егзистенција и без работа.

Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена – Скопје при ССМ реагира поради тоа што овие вработени навремено, совесно и редовно ги извршувале своите работни задачи на работните места за кои биле ангажирани, редовно доаѓале на работа и со нивното неангажирање се доведува во опасност нормалното функционирање на претпријатието, особено поради тоа што најголем дел од овие работниците извршуваа работни задачи поврзани со дејноста на претпријатието, со што во наредниот период значително ќе се придонесе до влошување на хигиената на главниот град Скопје.

Синдикатот СУТКОЗ при ССМ побара советниците да побараат од градоначалничката Арсовска да го разреши в.д Директорот на Водовод и канализација кој е потенцијална опасност за вработените во претпријатиетот и за граѓаните на градот Скопје. Истовремено, во оваа енергетска и економска криза да побараат од Градоначалничката, Управниот одбор и Директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје да го продолжи ангажманот на овие 113 лица кои се неопходни за извршување на основната дејност на претпријатието.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.