Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОСУДА ЗА НАПАДИТЕ И ОПСТРУКЦИИТЕ КОН ССМ, БОРБАТА НА ССМ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ПРОДОЛЖУВА

Претседателството на ССМ и Советот на ССМ како највисок орган помеѓу два Конгреси, денеска одржаа заедничка седница на која се дискутираше за нападите кон Сојузот на синдикатите на Македонија како и за опструкциите кои се прават за да се спречи ССМ во борбата за обезбедување на достоинствени плати за достоинствен живот пред се на членовите на Гранските синдикати здружени во ССМ како и на сите работници во Македонија.

Денеска, Претседателството на ССМ и Советот на ССМ едногласно донесоа Одлуки со кои се осудуваат сите напади и обиди, а особено нападите и обидите од страна на квази синдикалци да го поткопаат ССМ во борбата за раст на платите, во борбата за склучувањето на нови Колективни договори и анекси на истите, во борбата за спас на Работнички дом и ги отфрлаат сите искажани лаги и невистини во медиумите и во јавноста.

Претседателството и Советот на ССМ покрај другото ја дадоа целосната доверба на раководството на ССМ во борбата за работнички права, а спроведувањето на Одлуките на органите и телата да бидат приоритет во дејствувањето на ССМ во наредниот период.

Претседателството на ССМ и Советот на ССМ едногласно донесоа Одлуки јавно да се објават и да се достават до надлежните институции Пресудите од Управниот и од Вишиот Управен суд од 2022 и 2023 година, Решенијата од Основното јавно обвинителство и Вишото јавно обвинителство од 2019 и 2020 година како и Решението од Комисија за жалби од 2020 година со кои се делегитимираат лагите и опструкциите на поединци кои за остварување на личен интерес го напаѓаат ССМ.

Борбата продолжува! 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.