Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА - БЗР ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА СО КОВИД - 19

Денес Сојузот на синдикатите на Македонија организираше онлајн панел дискусија за Безбедност и здравје при работа, како дел од активностите предвидени во Проектот имплементиран од ССМ: БЗР во време на пандемија со КОВИД-19, а финансиран од ИТУЦ ПЕРК и Шведските синдикати Union to Union.

На панел дискусијата учествуваа претставници на социјалните партнери во државата, Милан Живковиќ, советник во Владата на РСМ, Дарко Дочински, Советник во Министерството за труд и социјална политика, Горан Поповски, Државен советник во Државниот инспекторат за труд, Белинда Николовска, ОРМ, Миле Бошков, БКМ,  претставници на Националниот Совет за БЗР, Емил Крстановски, Национален координатор на МОТ, Милан Петковски, МЗЗПР, Борче Стојчевски, ТУТЕЛА, како и претставници на гранските синдикати здружени во ССМ.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски на панел дискусијата истакна дека појавата на пандемијата COVID-19 ја одбележа 2020 година и предизвика последици кои досега биле непознати на глобално ниво. Сите држави вклучително и нашата, институциите на јавното здравје и другите релевантни фактори се соочија со сосема непознат противник, а реакцијата мораше да биде брза и ефикасна во насока на успорување и сузбивање на ширењето  на заразата.

Од почетокот на пандемијата, ССМ како репрезентативен синдикат во државата, инсистираше на социјален дијалог и адекватно вклучување на сите социјални партнери во државата во креирањето на мерките за сузбивање на заразата и заштита на животот и здравјето на граѓаните. Истовремено апелиравме дека е нужно преземање на активности за одржување на деловните потфати, стабилизирање на економијата и функционирањето на општеството. 

Сојузот на синдикатите на Македононија уште на самиот почеток на пандемијата, имајќи ги предвид искуствата од Државите кај кои пандемијата имаше земено поголем замав и препораките на Светската здравствена организација во насока на заштита на работниците кои за заболуваат од заразната болест Ковид – 19, како и за оние кои се во изолација и само изолација поради Ковид – 19, предложи:

КОВИД – 19 ДА СЕ ПРИЗНАЕ КАКО ПРОФЕСИОНАЛНО ЗАБОЛУВАЊЕ ЗА СИТЕ РАБOТНИЦИ И ЗА ОТСУСТВОТО ОД РАБОТА ПОРАДИ ЗАРАЗА, ИЗОЛАЦИЈА И САМОИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА KОВИД 19, ИСПЛАТАТА ДА ИЗНЕСУВА 100% ОД ОСНОВИЦАТА УТВРДЕНА СО ЗАКОН

Сојузот на синдикатите на Македонија за оваа цел има поднесено барања до Министерството за труд и социјална политика до Министерството за здравство и до Владата за истите да го уредат ова право на работниците, а оваа панел дискусија е можност да ги пренесеме нашите ставови и ставовите на останатите засегнати социјални партнери, кои ќе бидат презентирани пред надлежните институции.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.