Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПАРИ ЗА НОВИ ПАТАРИНИ И ЗА НОВИ ДАВАЧКИ НА РАБОТНИЦИТЕ ИМА, ЗА ПЛАТИ НЕМА ⁉️

Владата, од буџетот има да одвои средства 4.869.637 евра за отварање на 2 нови наплатни станици( патарини) на автопатот Штип - Скопје кои дополнително ќе го осиромашуваат македонскиот работник од 40 до 270 денари и од 30 до 220 денари во еден правец само за да дојде на работа, а двојно за да се врати од работа дома.

Владата кажува дека нема 5.000.000 евра колку што чини зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор за еден месец, а од друга страна има пари кои ги инвестира за воведување на дополнителен арач односно давачка за граѓаните и работниците.

Голем дел од вработените од јавниот сектор патуваат на своите работни места и истите овие нови давачки ќе ги чинат значителни средства од нивниот семеен буџет.

Владата смета дека и покрај сите зголемувања на цените на електричната енергија, горивата, основните прехранбени продукти, не треба да му помогне на работникот, туку треба да воведе и нови давачки и дополнително да го осиромашува работникот на кој не сакаше да му ја зголеми односно усогласи платата согласно порастот на минималната плата за 2806 денари.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.