Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПЛАТА

ПЛАТАТА е составена од: - основна плата; - дел од плата за работна успешност, и – додатоци

Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон.

Во Член 2 од Законот за минимална плата пропишано е дека ,,Минимална плата е најнискиот месечен износ на ОСНОВНАТА ПЛАТА која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време.

Треба да знаеш дека не е законски да ти се исплаќа плата во висина на минималната плата ( во која ти се вклучени додатоците на плата) или пак да те убедува газдата дека точна е пресметката

Согласно Закон, платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец и платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период.

Работникот има право на заработувачка- плата, согласно закон, колективен договор и договорот за вработување.

Додатоците на плата претставуваат парични надоместоци што ја зголемуваат основната плата на работникот поради работа во посебни (потешки) услови.

Додатоците се определуваат за посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, согласно закон, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж.

Основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните, за определено работно место, како и основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за: 35% за прекувремена работа, 35% за работа ноќе, 5% за работа во три смени, 50% работа во ден на неделен одмор, 50% за работа во недела и др. За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%, најмалку за 0,5% за минат труд, а додатоците меѓусебно не се исклучуваат.

Работодавачот може да го задржи исплаќањето на платата на работникот само во законски определени случаи (на пример, доколку платата на работникот е предмет на извршување кај извршител врз основа на извршна исправа, но најмногу до 1/3 од платата или, пак, во случај кога работникот доброволно го овластил работодавачот да му задржи дел од платата поради уплата на рата од кредит, синдикална членарина или слично).

Од друга страна, работодавачот не смее да ги порамни своите побарувања кон работникот преку неговата обврска за исплаќање плата. Побарувањата на работодавачот во однос на работникот (на пример, поради штета што ја сторил работникот на работа или во врска со работата) не смее да бидат порамнети од платата на работникот. Ваквото порамнување е можно единствено доколку работникот дал писмена согласност за тоа.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.