Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПЛАТАТА НА РАБОТНИЦИТЕ НЕ Е НЕПРОДУКТИВЕН ТРОШОК

Сојузот на синдикатите на Македонија преку правната служба, во наредниот период им стои на располагање на колешките и колегите од СИЕР Синдикалната организација при АД ЕСМ.

Укажуваме дека штедењето во компанијата во никој случај не смее на биде на грбот на работниците, ниту пак заработените плати се непродуктивен трошок на компанијата.

Во услови на енергетска криза, кога придонесот на сите е исклучително важен за зголемување на производството на електрична енергија од сопствените капацитети, нелогично е работниците кои треба да го овозможат токму тоа да се упатуваат на принуден одмор.

Претседателот на Синдикалната организација во АД ЕЛЕМ, Јове Смилевски за Сител вели дека до нив нема пристигнато ваков документ, но јасно прецизираа дека не се сложуваат со донесените одлуки.

Повеќе на линкот

https://sitel.com.mk/esm-kje-shtedi-poradi-energetskata...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.