- Македонски
- English

Раководството на НСПМ придружувано од Претседателот на ССМ г- дин Дарко Димовски на 02.11.2022 година оствари средба со Министерот за одбрана Г-ѓа Славјанка Петровска на која се разговараше за Измените во членот 13 од Законот за пожарникарство и новата методологија за пресметка на плата и надоместоци на плата согласно измените на Законот за пожарникарство.
По презентацијата од страна на претседателот на работната група од наша страна беше побарано во овие измени да биде земено во предвид и мислењето на НСПМ , каде што во подготовката на истите како НСПМ не сме биле информирани и запознаени . Од страна на Министерот за одбрана г-ѓа Славјанка Петровска покажа разбирање за нашите барања и истата му наложи на председателот на работната група да се одржат состаноци со НСПМ додека не се усогасат ставовите на двете страни во однос на измените.