Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПЛАТИТЕ НА СИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО ВО 2022 ЌЕ БИДАТ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 5 ОТСТО

Денеска, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, Љубиша Каранфиловски и Министерот за здравство, Венко Филипче потпишаа анекс на колективниот договор според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5% за сите вработени во здравството.

На состанокот беше истакнато дека вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.

Здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност, а граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија е единствениот репрезентативен претставник на здравсвените работници кој води грижа за нив

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.