- Македонски
- English
ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВЕН СЕКТОР ТРЕБА ДА СЕ УСОГЛАСАТ СО МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и заменик претседателот на Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, Боби Стојановски остварија средба со дополнителниот заменик Министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски
На средбата Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го информираше Заменик Министерот Андоновски дека со денешната објава на новиот износ на минималната плата која според пресметките треба да изнесува 22.567,00 денари, односно истата се зголемува за 2.392,00 денари, треба да се усогласат и платите на вработените во јавниот сектор, а во чии закони како основна компонента е минималната плата, и со тоа на околу 60.000 работници во јавен сектор треба линеарно да се покачи мартовската плата.
Истовремен, Претседателот Трендафилов укажа на потребата од склучување на нов Грански колективен договор со Синдикатот на УПОЗ веднаш по завршување на изборниот процес и склучување на нови колективни договори на ниво на работодавач во јавниот сектор.
Дополнително, Претседателот Трендафилов и Заменикот претседател на Самостојниот синдикат за здравство, Стојановски му укажаа дека треба да се разгледа барањето на Самостојниот синдикат за здравство за промена на каталогот за работни места со дополнување на работните места во здравство кои сега не се каталогизирани.