Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРА МОРААТ ДА СЕ ПРЕСМЕТУВАТ СОГЛАСНО КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА КУЛТУРА И ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВЕН СЕКТОР !

ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРА МОРААТ ДА СЕ ПРЕСМЕТУВАТ СОГЛАСНО КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА КУЛТУРА И ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВЕН СЕКТОР !

Денес СКРМ преку своите Синдикални организации испрати допис до сите институции од културата со известување за последиците од непочитување на правата на работниците предвидени со колективните договори.

Доколку установите од областа на културата преку своите овластени лица или одговорни сметководители се обидат да го скратат, ограничат или одземат правото на плата на вработените така што истата нема да ја усогласат со објавената минимална бруто плата и нема да извршат исплата согласно методологијата предвидена со член 65 од Колективниот договор за културата (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 10/2020) и член 14 став 1 од Општиот колективен договор за јавниот сектор (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 154/2023), Ве известуваме дека против сите одговорни лица ќе отпочнеме кривични постапки за сторено кривично дело “Повреда на правата од работен однос” предвидено со член 166 од Кривичниот законик, каде јасно е пропишано дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Со оглед на тоа дека ова известување јавно го објавуваме и доставуваме до сите одговорни лица на установите од областа на културата, секое кратење, ограничување или одземање на правото на плата пропишано со одредбите од колективените договори ќе сметаме дека е свесно и за тоа ќе биде побарана најстрога казна за сторителите на кривичното дело.

Бисера Костадиновска Стојчевска

Министерство за култура / Ministria e Kulturës

Сојуз на синдикатите на Македонија

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.