Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПЛАТИТЕ ВО ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ

Претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски денеска оствари средба Зухди Енуз, в.д. директор на ЈП Комунална хигиена и претседателот на Синдикалната организација при КХС Делија Дарлишта.

Во дискусијата беа отворени конкретни предлози од страна на СУТКОЗ и на Директорот на КХС за зголемување на платите на работниците во претпријатието согласно зголемувањето на минималната плата, во насока на изнаоѓање на одржлив модел за платите на работниците да се зголемат веднаш, а тоа да не претставува сериозна пречка за нормалното работење на Комунална хигиена Скопје.

Зухди Енуз, в.д. директорот на ЈП Комунална хигиена, претседателот на Синдикалната организација при КХС Делија Дарлишта и Претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски се согласија дека трудот на работниците треба соодветно да биде вреднуван и дека платите на сите работници во Комунална хигиена Скопје ќе бидат зголемени.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.