Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПЛАТИТЕ ВО ЈП ПАРКИРАЛИШТА -СТРУМИЦА СКАЛЕСТО СЕ ЗГОЛЕМУВААТ

Претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски денеска оствари средба со вработените и директорот на ЈПКС Паркиралишта Струмица .

На состанокот се дискутираше за конкретни предлози од страна на СУТКОЗ за зголемување на платите на работниците во претпријатието согласно зголемувањето на минималната плата, а во насока на изнаоѓање на одржлив модел за платите на работниците да се зголемат веднаш, а тоа да не претставува сериозна пречка за нормалното работење на претпријатието.

Се постигна договор платите на вработените од 1 април 2022 година да се зголемат согласно зголемувањето на минималната плата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.