Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПЛАТИТЕ ВО МО И АРМ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ

ПЛАТИТЕ ВО МО И АРМ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ, ПЕНЗИОНИРАЊЕ СО СТАЖ, 1000 е ЗА СЕКОЈА ГОДИНА СТАЖ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ, 100% БОЛЕДУВАЊЕ, НАЈПОВОЛНИ 10 ГОДИНИ ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ПЕНЗИЈА ...

Синдикат на Одбраната и Безбедноста - СОБ членка на Сојузот на синдикатите на Македонија за членови на СОБ и останати припадници на МО и Армијата на Република Македонија со трудот што го вложи во изминативе две години постигна значителни резултати кои се имплементирани во измените и дополнувањата на "Законот за Служба на Армијата на Република Македонија" кој едногласно беше изгласан и од страна на пратениците од власта и опозицијата со што се уредени многу поволности за сите категории на вработени во МО и АРМ, односно придобивки за припадниците на Армијата на Република Македонија

Зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал за над 2000 денари;

Стекнување со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на возраста;

Нова пресметка за активен воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата, во висина од 80% од најповолните 10 години од пензискиот стаж;

Можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1000 евра за секоја година помината во служба;

Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата;

За активниот воен и цивилен персонал се предвидува исплата на боледување во висина од 100 % од основната плата и додатоци на плата;

Се вовоедуваат поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата;

Се регулира областа на професионалност, непристрасност и законитост во вршењето на должностите во Армијата и во Министерството за одбрана, на политички неутрален начин.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.