ПОБАРАЈ ПРАВНА ЗАШТИТА
ПРИЈАВИ ПО ТЕЛЕФОН
ПРЕКРШУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИ ПРАВА
За поедноставен пристап до бесплатната правна заштита за работниците, ССМ овозможува и по телефонски и електронски пат преку целнтрализирање на својата работа, работниците да можат своите пријави, жалби, барања и сл., да ги доставуваат на телефонскиот број: 070 818 878 како и на мејлот: prijavi@ssm.org.mk по што колегите во најкраток рок ќе постапуваат по истите
Покрај директната правна помош и заштита на правата на своето членство, ССМ со своите активности реализирани во овој период на кризата, докажа дека како репрезентативен синдикат во државата се грижи и презема одговорност за остварување на правата на сите работници.
Синдикалното членство во ССМ, најдиректно и најнепосредно обезбедува заштита на своите права од работен однос, пред се, преку активностите на Секторот за работни односи, правна заштита и колективно договарање при ССМ и соодветните синдикати каде работниците членуваат.
Активностите за заштита на работничките права ги преземаат овластените правни застапници и синдикалните претставници во 10 Регионални синдикални претставништва (Скопје, Битола, Велес, Делчево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип) како и во Синдикалните канцеларии (во Ресен, Свети Николе, Берово, Виница, Кочани, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Дебар, Струга, Македонски Брод , Гостивар, Кичево, Струмица, Пробиштип, Радовиш).
Активноста се спроведува во рамките на кампањата: ПРАВНА ЗАШТИТА – СИГУРНОСТ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА за подигнување на свесноста кај работниците и зајакнување на капацитетите на ССМ, со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот.