Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Почеток на преговорите за измена и дополнување на колективниот договор во јп „македонски шуми“

23.06.2014

23.06.2014-foto1Слика 1: Комисијата за колективно преговарање предводена од страна на претседателот д-р Митревски

Комисијата за колективно преговарање на Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика на Македонија, во состав: д-р Живко Митревски, претседател на Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика на Македонија и претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ирфан Исаку, Трајче Илиев и Кире Шушевски, со претставниците на менаџментот на ЈП „Македонски шуми“, на 23.6.2014 година ги започнаа преговорите околу изменување и дополнување на Колективниот договор за вработените во ЈП „Македонски шуми“ - Скопје.

Целта на преговорите е усогласување на постојниот Колективен договор со законската регулатива и утврдување на повеќе специфики во делот на теренскиот додаток.

23.06.2014-foto2Слика 2: Комисијата за колективно преговарање од СШДЕ и менаџментот на ЈП „Македонски шуми“

Од стана на преговарачките тимови беа разгледани и други прашања поврзани со надоместоците и додатоците, како и усогласување со измените на Законот за работните односи.

Комисиите се договорија и дека по разгледување на текстовите во соодветните органи ќе следи и потпишување на измените и дополнувањата на Колективниот договор. На средбата е остварен договор дека во Колективниот договор за вработените од ЈП „Македонски шуми“ ќе биде утврдена и минималната плата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.