Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Поддршка од ссм за барањата на месо

 

 

ССМ сака и официјално да ја искаже поддршката кон Барањата на Мултиетничкиот синдикат на образование и воедно да реагира на изјавите на претседателот на СОНК при КСС, изјави на денешната конференција за печат портпаролот на ССМ Милан Живковиќ.

Барањата на МЕСО, еден од гранските синдикати при ССМ, се засновани на обраќањата на членовите на МЕСО, одредени членови на СОНК, како и на вработени во овој дел од јавниот сектор кои не членуваат во ниту еден синдикат. Ова значи дека МЕСО и ССМ направиле пресек на сегашната состојба што е настаната по потпишувањето на „спогодбата“ на која што се повикува Дојчин Цветановски. Факт е дека таа спогодба не ги изедначи трошоците за храна и превоз на вработените од образованието со останатите вработени од јавниот сектор. Факт е дека не се исполнети ветувањето за трансформирање на договорот за вработување од определено во неопределено време, изјави Живковиќ на прес конференцијата.

Со оглед на тоа што Дојчин Цветановски изјавува во јавноста дека претходно наведените факти се веќе исполнети, се прашуваме зошто членовите на МЕСО, а и на СОНК кои досега ни се обратиле, го тврдат спротивното?

Бидејќи СОНК е потпишувач на КД за вработените во образованието, ССМ бара од Дојчин Цветановски да ги почитува конвенциите на МОТ кои посочуваат дека одредбите од КД важат за сите, а за неговите изјави во медиумите дека „и тој едвај чека да излезат на штрајк за да види јавноста колку се на број“ и дека “тој таканаречен синдикат има одвај 30 членови“, можеме да кажеме дека е премногу и само на член или вработен од образованието да не му бидат дадени истите права како и на другите. Не смее никој, вклучувајќи го и СОНК, да ги омаловажува и дискриминира нашите членови, ниту вработените што не припаѓаат на ниту еден синдикат.

ССМ бара од Дојчин Цветановски да престане со кочење на постапките за остварување на правата од овие дејности. Го повикуваме на заедничка соработка со цел вработените да си го добијат тоа што го заслужиле.

Денес ССМ оствари работен состанок со претставници на МОТ каде беа образложени барањата на МЕСО, информираше портпаролот на ССМ. Се постигна консензус, дека е потребна заедничка соработка на сите засегнати синдикати од образованието. Значи, и од МОТ (исто како и МЕСО и ССМ) упатуваат на соработка и седнување на заедничка маса.

ССМ упатува јавен повик до сите вработени во образованието без разлика на кој синдикат припаѓаат да се обратат до стручните служби на матичните синдикати (а доколку истите ги немаат) да се обратат до ССМ и да утврдат дали сите нивни права се исполнети.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.