- Македонски
- English

На ден 17.03.2026 година (вторник) во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија во посета беа Генералниот Секретар на Меѓународната конфедерација на синдикатите ITUC, Лук Триангл и Извршен Секретар на ИТУК ПЕРК Антон Лепик и заеднички со Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов одржаа прес – конференција на којашто прв се обрати Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов:
“Почитувани претставници на медиумите и почитувани работници, на покана на Сојузот на синдикатите на Македонија со нас денес е првиот човек на светското синдикално движење Генералниот Секретар на Меѓународната конфедерација на синдикатите Лук Триангл. Денес во ССМ заедно разговараме за неколку клучни работи помеѓу кои и нападите на синдикатите, оневозможувањето со колективен договор да се утврдуваат платите на македонските работници, како и ниската минимална плата.

Сојузот на синдикатите на Македонија повеќе од 10 години ја води борбата за зголемување на минималната плата, како и за зголемување на платите на работниците. Но, за жал Владата која одбива да ги зголеми работничките плати денес се служи со напади врз Претседателите на на синдикатите, како и врз Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен глас на работниците во борбата за зголемување на работничките плати.
Сојузот на синдикатите на Македонија веќе ги информираше сите меѓународни организации и затоа денес тука со нас е првиот човек на светското синдикално движење. Македонските работници не се борат сами, тие се борат заедно со работниците од целиот свет и треба да се охрабрат во наредниот период доколку не ја добијат платата за која тие сметаат дека е достојна за животот да останат заедно со притисоците. Ние како ССМ покажавме дека без оглед на таквите притисоци, цврсто стоиме на ставот дека платите на македонските работници значително мора да се зголемат. Односно, првото зголемување мора да се случи со зголемувањето на минималната плата која ќе направи притисок на зголемување на сите на сите останати плати. Тоа што сите заеднички се вклучивме дека е недозволиво во една демократска држава да се напаѓаат синдикалните лидери и Сојузот на синдикатите на Македонија само затоа што барате зголемување на платите како и дека преговорите кои еднострано беа одбиени од страна на Владата и на работодавачите, токму поради ваквите напади се исклучиво на штета на работниците кои на крајот не добиваат плати онакви какви што заслужуваат.
ССМ оваа година одбележува 80 години од своето постоење и за прв пат во тие 80 години се соочува со огромен притисок само за да не се зголемат работничките плати. Денес не прославуваме, туку заедно рамо до рамо со колегите од Меѓународната конфедерација на синдикатите се бориме за работничките плати.
Потоа на прес – конференцијата се обрати Лук Триангл - Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати и посочи:
“Ние организираме околу 200 милиони работници низ целиот свет од кои 170 земји. Еден од главните столбови на синдикализмот е прашањето на демократијата, односно дали работниците можат слободно да се организираат во синдикати и дали синдикатите можат слободно да ја вршат својата работа на лидери, да ги организираат работниците, да ги бранат подобрите услови за работа и да преговараат за повисоки плати во ситуација којашто не постои опасност по нивниот живот и здравје. Ние имаме загриженост дека ситуацијата во Македонија веќе не е таква каква што ја опишав затоа што ние веќе 12 години правиме одредено истражување врз основа на 97 индикатори и во јуни секоја година го издаваме таканаречениот глобален индекс за права коишто ја разгледува ситуацијата со работничките права во 151 земја низ целиот свет. Што значи дека, гледаме каква е ситуацијата со работничките и со синдикалните права во 151 земја.

Ова што го покажува овој индекс е тоа дека во овој индекс ние земјите ги рангираме со оценки од 1 до 5 каде што 1 е највисоката оценка, а 5 е најниската. Македонија во последните години имаше оценка 2 којашто беше доста добра оценка, но сега е на оценка 4. Таа бројка со којашто е оценета Македонија значи дека има сериозни прекршувања на работничките права и на синдикалните права и тоа на систематски начин кој означува дека тоа не се случува еднаш, туку се случува континуирано и тоа е нешто што укажува на многу лоша ситуација која не е соодветна за европска држава и затоа сум тука да кажам дека ова не може да биде иднината на Македонија и мораме да ги запреме нападите врз синдикатите, како и врз синдикалните лидери, односно не можеме да имаме ситуација на заплашување на синдикалните лидери..
Улогата на синдикалниот лидер е да преговара за подобри услови за работа за своите членови, за подобри и повисоки плати за своите членови и не може последица од исполнувањето на таа улога да биде кампања на јавно осудување и на јавно критикување. Таа кампања не може да биде црна кампања во медиумите што ги вклучува дури и семејствата и децата на синдикалниот лидер, тоа е апсолутно неприфатливо во Македонија, како и неприфатливо во Европа и било каде во светот, што покажува дека тоа е навистина скандалозно.
Ситуацијата е таква што Македонија денес врши прекршување на еден од клучните и на основните стандарди на Меѓународната организација на трудот, а со тоа и на Обединетите Нации. Имено, Конвенцијата 87 на Меѓународната организација за трудот за заштита на слободата на здружување, работниците имаат слобода да се организираат да се здружуваат во синдикати без страв од одмазда, од дискриминација или од закани.. Тоа е основен трудов стандард на Меѓународната организација на трудот, а со тоа и на Обединетите Нации.


Второто прашање кое сакам да го покренам е нарушувањето во земјата на Конвенцијата 98 на Меѓународната организација на трудот за колективно договарање. Тоа е уште еден основен стандард на Меѓународната организација на трудот којшто им дава на работниците право да преговараат колективно и еден од главните стандарди со коишто се организираат пазарот на трудот и Социјалниот дијалог и во овој стандард забележуваме прекршувања во земјата.
Синдикатите и организациите на работодавачи и Владата како работодавач во јавниот сектор мора да бидат слободни да склучуваат колективни договори на национално, на гранково и на ниво на работодавачот и резултатите од тие колективни договори потоа мора да се почитуваат.
На состанокот со Претседателите на синдикатите во ССМ ми беа дадени неколку примери во коишто Владата се мешала во речиси постигнати договори помеѓу синдикати и работодавачи во приватниот сектор поради притисоци од Владата. Работодавачите во приватниот сектор потоа се повлекле од тие договори и тоа има негативно влијание и се разбира цената ја плаќаат работниците коишто не добиле плати коишто ги заслужиле..
Договори кои се веќе постигнати за зголемување на плата со претходна Влада, а денес не се почитуваат или не се исполнуваат значи се негативен исход, а денес не се почитуваат, тоа беше уште еден пример којшто ми беше даден денес.

Третото прашање кое сакам да го споменам е минималната плата во Македонија. Значи ако имаме ситуација каде што 1/3 од работниците во Македонија заработуваат плата којашто е под линијата на сиромаштија, тоа е неприфатливо. Значи Владата и општеството мора да преземе активност за да се обезбеди дека не можеме да имаме ситуација, односно неприфатливо е да се има ситуација каде што работи работникот коишто работи со полно работно време не може да ги плати своите сметки затоа што платата е под прагот на сиромаштија. А и време е да престанеме да зборуваме за минимална плата, туку да зборуваме за плата којашто овозможува достоинствен живот, а тоа значи дека ако работите со полно работно време и работите напорно, мора на крајот на месецот тоа да ви дозволи да имате плата која што ќе ви дозволи да водите достоинствен живот.



Четвртата опсервација што ја имам е тоа дека имаме уназадување во суштинскиот Социјален дијалог во земјата. Ова го гледаме во вредноста на Економско социјалниот совет и во неговото функционирање, потоа во фактот што Комисијата за репрезентативност исто така има проблеми во функционирањето и ова се знаци дека немаме вистински функционален суштински реален Социјален дијалог во земјата.
Мојата порака, односно моето прашање до Владата би било дали сериозно ги сфаќате социјалните партнери, синдикатите и Организацијата на работодавачи, бидејќи тоа се организации коишто здружуваат илјадници работници, стотици илјадници работодавачи, а и во една вистинска демократија на Социјалниот дијалог е еден од столбовите на таквата демократија. Така што, не сакаме да имаме ситуација каде што социјалниот дијалог ќе биде само на хартија, а во реалноста нема навистина да функционира.


Последната поента којашто сакам да ја покренам е тоа што Меѓународната организација на трудот во 2023 година имаше теренска мисија тука во Македонија и тие изготвија Анализа со извештај со препораки затоа што треба Владата да спроведе. Ако ја евалуираме ова можеме да забележиме дека препораките на МОТ од 2023 година не се спроведени и статусот на спроведување е 5 од 10, така што тоа не е доволно мора да се направи многу повеќе за да се подобри ситуацијата.
Како Заклучок би кажал дека во својата работа морам да избирам каде ќе одам и кои земји ќе ги посетам и тука сум затоа што за жал сметам дека ситуацијата е навистина лоша од аспект на Социјалниот Дијалог, слободата на синдикатите и правата на работниците.
Нашата организација - Меѓународната конфедерација на синдикати е најголемата социјална организација на глобално ниво, ние сме претставници во Меѓународната организација на трудот и во Обединетите Нации воопшто имаме директно влијание врз одлуките и на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка и на други мултилатерални институции. Така што јас оваа приказна и овие информации ќе ги понесам со мене и се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам ќе мораме да имаме подобрувања и позитивни чекори во земјата. Имајте предвид дека светот гледа, а гледаме и ние.”
На новинарско прашање дали претставниците од Меѓународната конфедерација на синдикати ќе имаат средба со претставници од Владата, Генералниот Секретар одговори:
“Ќе имам средба со Министерот за економија и труд, а можеби и со други претставници тоа, но тоа не можам да го потврдам, а за со Министерот за економија и труд со сигурност можам да ви потврдам дека ќе имаме средба утре во 10.00 часот.
На новинарското прашање дека со оглед на искуството што го имаат ИТУК и запознаени се со едната страна на приказната во Македонија, па според Социјалниот дијалог што покажува и што вели искуството ова сигурно не е прв пат, па како би можело ова да се заврши и кои се алатките коишто на стојат на располагање како поддршка на овој синдикат или воопшто на синдикатите во Македонија и каков начин гледате за да се реши постоечкиот спор со Владата, на што Генералниот Секретар одговори:
“Мојата прва порака е секогаш дека синдикатите мора да се организираат, значи тоа е главниот предизвик во синдикализмот и многу е важно работата со членовите. Односно, ако сакате да бидете репрезентативни, ако сакате да презентирате тупаница што се вели силна тупаница и за работодавачите и за Владата е тоа дека мора добро да ги организирате своите членови.
Втората работа што треба да се направи е да ја создадеме потребна структурата за Социјален Дијалог и на институциите да им ги дадете одговорноста, моќта, автономијата којашто им треба за да можат навистина да водат суштински Социјален дијалог. Она што не сакаме да го видиме се убави одредби на хартија коишто потоа во реалност не функционира.Јас имав средба со претставник на Меѓународната организација на трудот пред оваа средба со Претседателството на ССМ и таму исто така од него ми беше кажано за Извештајот од 2023 година и за тоа дека и во тој извештај со зборува за тоа дека законите на хартија се добри, меѓутоа проблемите настануваат во нивното спроведување во практиката. Што значи мора да имате и суд којшто ќе ги принуди работодавачите и Владата да ги следат и да ги спроведуваат законите, инаку тие ќе бидат безмислени. Не сакаме да имаме таква ситуација каде што имате закони само на хартија, туку сакаме да имаме и правен систем којшто навистина ќе ги спроведува тие закони. Сеуште се регистрира одреден кап, одреден јаз помеѓу она што го пишува во законите и она што навистина се имплементира преку правниот систем. Последната точка којашто морам да ја спомнам е дека навистина најмногу ме загрижуваат овие црни кампањи, овие негативни кампањи коишто се прават против поединечни синдикални лидери. Видеата што се однесуваат на приватниот живот на синдикалните лидери и со семејство и со деца тоа е навистина загрижувачки. Денес се работи за видео, а утре којзнае што ќе се случи. Затоа, Владата мора да преземе активности и луѓето коишто се одговорни за таа кампања мора да бидат повикани на одговорност од полицијата и власта затоа што тоа е нарушување на фундаменталните права. Денес е видео, утре којзнае што ќе биде. Треба само еден човек да се најде којшто ќе биде поттикнат од тие видеа да направи нешто непромислено.”