Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Подготовка на нов Работен план за преглед на занимања 2022-2027 година

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен претставник на работниците учествува во подготовката Работен план за преглед на занимања 2022-2027 година заедно со претставници на Меѓународната организација на труд, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за образование,Државниот инспекторат за труд, Завод за статистика, Агенција за вработување на РСМ, Стопанската комора на Македонија и Центар за образование на возрасни.

Со поддршка од Меѓународната организација на трудот (МОТ) изработена е специјализираната веб-платформа за прегледот на работните места, со најважните информации за одредени занимања ( задолженија на работното место, изгледи за вработување, потребно образование, работна средина, работни услови, слободни работни места итн.)

Кариерното советување за младите е клучна политика за пазарот на трудот, со цел да се осигури дека адолесцентите и младите, може да донесат информирани одлуки во врска со кариерата. Важен дел од советувањето е да се понуди солиден преглед на занимањата, кој се заснова на факти, и вклучува информации за занимањата и економските сектори што нудат добри изгледи за кариера.

Повеќе информации можете да добиете на линкот

https://zanimanja.mk/chpp/

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.