- Македонски
- English

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски заедно со Владо Димовски од Прогресивен Синдикат на Образованието ја посетија новата синдикална организација во Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ.

На состанокот со членовите на синдикалната организација се разговараше за зголемување на платите согласно порастот на минималната плата за работниците и за склучување на колективен договор на ниво на МАНУ во кој ќе се уредат правата и обврските од работниот однос.
Во следиот период со помош од ССМ ќе биде изработен текст на колективен договор.