Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОРАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ – СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЦА ВО ОКТОМВРИ ДОСТИГНА 65.544 ДЕНАРИ

Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2025 година, според пресметките на ССМ, изнесува 65.544 денари, што претставува зголемување од 467 денари во однос на септември, кога кошницата изнесуваше 65.077 денари.

Доколку во пресметката се вклучи и трошокот за изнајмување стан со површина од 60 квадратни метри, вкупната вредност на синдикалната минимална кошница достигнува 80.919 денари, што дополнително ја прикажува реалната слика за трошоците на едно четиричлено семејство.

Најголемо зголемување е забележано кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври изнесуваат 23.772 денари, односно повисоки за 378 денари во споредба со претходниот месец.

Постојаниот раст на цените на основните производи и услуги уште еднаш ја покажува потребата од усогласување на платите со реалните животни трошоци, како и од континуирано следење на економските состојби кои директно го засегаат животниот стандард на работниците и нивните семејства.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.