- Македонски
- English
Денеска, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов ја посети Регионалната канцеларија на ССМ во Битола и се сретна со Пеце Трифуновски од Независниот синдикат за образование и наука (НСОН).
Регионалните синдикални претставништва на ССМ во градовите како Битола каде што ССМ има две канцеларии, се со намена, работниците покрај користењето на дигиталните услуги и алатки кои ги нуди ССМ за подобра комуникација, работниците да имаат можност и непосредно да одржуваат комуникација и средби со нивните синдикални претставници.
Во наредниот период ќе бидат посетени сите Регионални синдикални претставништва на ССМ.