Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ССМ ВО ШТИП И СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски ја посети канцеларијата на ССМ во Штип.

Во изминатиот период голем број на активности се насочени токму преку оваа канцеларија, особено што се зачестени пријавите во ССМ од колешки и колеги од текстилната индустрија во овој град.

Претседателот на ССМ, Димовски, заедно со Секретарот во Регионалното синдикално претставништво на ССМ во Штип, Верче Тасева, остварија средба со градоначалникот на Општина Штип, д-р Сашко Николов.

На средбата се дискутираше за потребата од заеднички ангажман во насока на превенција на кршењата на работничките права, за активностите кои ги презема ССМ на територијата на општината, за пријавите кои се поднесени против голем број на работодавачи од кои дел ги исправиле неправилностите кои биле констатирани од надлежните инспекциски служби, а дел сеуште немаат постапено, па претседателот на ССМ побара од градоначалникот, и негово вклучување се со цел почитување на Законите и колективните договори, а градоначалникот прифати негов ангажман се со цел зачувување на работните места и почитување на работничките права

Претседателот на ССМ ги запозна присутните за новата мобилна апликација ССМ - мои работнички права преку која работниците и граѓаните ќе можат да пријавуваат прекршувања на работнички права до ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.