Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Посета на мисијата на меѓународниот монетарен фонд

1.7.2015

Слика 1. Состанок со тимот на ММФ, предводен од шефот на мисијата Јасемин РахманСлика 1. Состанок со тимот на ММФ, предводен од шефот на мисијата Јасемин Рахман

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски одржа работен состанок со претставници на мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд, предводена од шефот на мисијата, Јасемин Рахман. На состанокот исто така присуствуваа и Патрик Житон, резидентен претставник на ММФ во Македонија и претставници на тимот на ММФ.

Тема на разговор на состанокот беше законската регулатива во делот на платите и колективните договори, како и тековната економско- социјална положба на работниците во Република Македонија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.