Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски заедно со Претседателот на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство - СИЕР, Игор Ѓерасов ја посетија Синдикалната организација која има ново раководство предводена од новиот претседател Драган Миленковски во Рудник САСА и заедно разговараа со работниците за проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат при извршување на работните задачи во Рудникот, за почитувањето на мерките за безбедност и здравје при работа како и за потребата од зголемување на платите.
Истовремено, Претседателот на ССМ Димовски, Претседателот на СИЕР Ѓерасов и Претседателот на Синдикалната организација на СИЕР во Рудникот Саса, Миленковски, остварија средба и со менаџерскиот тим на Рудникот и дискутираа за унапредување на правата на работниците како и ги пренесоа барањата на работниците од рудникот.