Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ОД ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ВО ССМ

На ден 09.03.2026 година во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија во посета беа студентите од Правен факултет „Јустинијан Први“, под менторство на професорот Александар Ристовски од Катедрата по трудово право.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов и Потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија за приватен сектор Иван Пешевски ги запознаа студентите со работата на синдикатот и учеството во процесот на колективното договарање, социјалниот дијалог, начинот на водење преговори, како и улогата на синдикатите во заштитата на работничките права.

На средбата, студентите се интересираа за актуелните теми поврзани со минималната плата, протестите кои ги организира ССМ, како и предизвиците со кои се соочуваат работниците во јавниот и во приватниот сектор. 

Студентите активно се вклучија во дискусијата, што е од големо значење и покажува дека младите сѐ повеќе ја препознаваат важноста на синдикалното организирање и улогата што синдикатите ја имаат во заштитата на правата и интересите на работниците.

Сојузот на синдикатите на Македонија вложува напори да го доближи синдикатот до младите луѓе, со цел истите да се приклучат во синдикалната борба и доколку имаат можност да направат позитивна промена во синдикалното движење, а покрај непосредните средби, креираше и дигитални алатки како првата бесплатна мобилна апликација за пријавување на прекршување на работнички права ,,ССМ - мои работнички права" и дигиталниот Е - советник за работнички права ,,Синди".

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов се заблагодари на студентите за нивниот интерес да го посетат ССМ и истакна дека професорот Александар Ристовски од Катедрата по трудово право на Правениот факултет „Јустинијан Први“ е голем пријател на синдикатите и работниците, а неговите трудови даваат значаен придонес во борбата за заштита и унапредување на работничките права во Македонија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.