Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТПИШАН АНЕКС НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 10%

ПОТПИШАН АНЕКС НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 10%

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, Љубиша Каранфиловски и министерот за здравство д-р Фатмир Меџити

го потпишаа Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност, со кој се врши зголемување на платите на вработените во јавните здравствени установи со плати пониски од минималната, а со истото и ќе се операционализира покачувањето од 10 отсто на платите за сите вработени во здравството согласно Општиот колективен договор за јавен сектор. Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита втор пат оваа година ги покачува платите на здравствените работници .

Потсетуваме и дека вработените во здравството добија повисоки проценти во делот на додатоците на плата па така основната плата на работникот во здравството се зголемува по час и тоа за:

- прекувремена работа од 29% на 35% или се зголемува за 6%

- за работа во денови на празници утврдени со Закон работникот има право на додаток

на платата што му припаѓа кога тие денови не работни и плата за поминати часови на

работа зголемени за од 42% на 50% или зголемување за 8%.

Ова значи дека вработените во здравството покрај дополнителното зголемување на платите од 10% утврдено со Општиот колективен договор за јавен сектор и правото на регрес за годишен одмор кој за 2023 година изнесува 10.000 денари, добиваат значително зголемување на нивните плати по основ на зголемувањето на додатоците на плата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.