Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ УСТАНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Со Колективниот договор е предвидено зголемување на платите за 20% како и годишно усогласување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита согласно растот на минималната плата.

Овој значаен чекор е резултат на добриот социјален дијалог помеѓу Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски Синдикатот, Министерот Фатмир Лимани и Државниот секретар Фатмир Сабриу, насочен кон унапредување на работничките права и јакнење на јавниот сектор.

Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи со истата заложба и понатаму – за достоинствени плати и подобри услови за сите членови!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.