Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Потпишан колективниот договор за земјоделство и прехранбена индустрија

Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат) и Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија вчера во просториите на Стопанската комора на Македонија го потпишаа Колективниот договор за земјоделство и прехранбена индустрија.

Договорот го потпишаа претседателот на АГРО Синдикатот Живко Даневски и претседателот на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија Томислав Давков. Важноста на колективниот договор изнесува две години.

Во колективниот договор се регулирани повеќе права од работниот однос, како надоместокот за годишен одмор, плаќањето на прекувремената, ноќната и работата во празници и други работни односи.

Покрај Колективниот договор за земјоделство и прехранбена индустрија во рамките на дејностите од аграрот на сила е и Колективниот договор за тутунското стопанство.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.