Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Потпишан нов колективен договор за вработените во македонска железница - инфраструктура

 

17.11.2015

Слика 1. Директорот на Македонска железница- инфраструктура, Ирфан Асани и Претседателот на СРСВМ, Методија ДимескиСлика 1. Директорот на Македонска железница- инфраструктура, Ирфан Асани и Претседателот на СРСВМ воедно и претседател на Синдикатот на железничарите на Македонија- инфраструктура, Методија Димески

Синдикатот на железничарите на Македонија- инфраструктура на 17.11.2015 година потпиша нов колективен договор за вработените во Македонска железница- инфраструктура.

На потпишувањето на Колективниот договор присуствуваше раководството на Македонска железница- инфраструктура, директорот на Македонска железница- инфраструктура Ирфан Асани, помошник директорот на секторот за човечки ресурси, Славица Поповска и помошник директорот за правни работи, Петар Спасовски, од страна на работодавачите, и претседателот на Синдикатот на работниците на сообраќај и врски на Р. Македонија (СРСВМ), а воедно и претседател на Синдикатот на железничарите на Македонија- инфраструктура, Методија Димески.

Во новиот Колективен договор се внесени одредби за правата на вработените, осигурувањето, платите, информирањето, синдикалното организирање, материјална одговорност и други прашања.

Слика 2. Потпишување на КДСлика 2. Потпишување на КД

Претседателот на Синдикатот на железничари на Македонија – инфраструктура, Методија Димески, посветува големо внимание на правата на вработените, а во наредниот период во континуитет ќе работи и на унапредување на условите за работа, како предуслов за поголема мотивираност и ефикасност кон работните обврски и надлежности.

Слика 3. Претседателот на СРСВМ, Методија Димески со Раководството на Македонска железница - инфраструктураСлика 3. Директорот на Македонски железници- инфраструктура Ирфан Асани и Претседателот на СРСВМ воедно и претседател на Синдикатот на железничарите на Македонија- инфраструктура, Методија Димески, со помошниците на директорот на Македонска железница- инфраструктура

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.