Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТПИШАНА ПРОГРАМАТА ЗА ДОСТОИНСТВЕНА РАБОТА 2023-2025

ПОТПИШАНА ПРОГРАМАТА ЗА ДОСТОИНСТВЕНА РАБОТА 2023-2025

Денеска во Сојузот на синдикатите на Македонија беше потпишана нова Национална програма за достоинствена работа за периодот 2023-2025 година.

Документот го питпишаа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Маркус Пилграм, директор на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов, претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија Владанка Трајковска, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Благоја Ралповски, претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Маријан Ристевски, претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ) Миле Бошков и претседателот на Унијата на Независни и Автономни Синдикати на Македонија (УНАСМ) Слободан Антовски.

На настанот кој се одржа во зградата на ССМ, поздравно обраќање имаше Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во земјава, а се обратија и претставници на институциите и организациите потписнички на Програмата.

Целта на Национална програма за достоинствена работа е креирање работни места, проширување на социјалната заштита, гарантирање на правата на работа и унапредување на социјалниот дијалог.

Пред почетокот на настанот беше оддадена почит на Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски кој прерано почина на почетокот на овој месец.

Денеска, сите синдикати се собраа во работничкиот дом во зградата на ССМ и на тој начин покажаа дека синдикатите во наредниот период ќе насатапуваат како единствени и солидарни во борбата за зачувување и унапредување на работничките права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.