- Македонски
- English

На ден 06.08.2025 година од страна на единствениот репрезентативен синдикат за Комунални дејности СУТКОЗ благодарејќи на Управниот одбор на ЈП Паркови и зеленило Скопје се потпишаа Колективните договори за ЈП Паркови и зеленило Скопје, ДООЕЛ Флораком Скопје и ДООЕЛ Луна Скопје за кои се преговараше во изминатиот период.

За среќа на вработените во овие три фирми пропадна обидот на директорот на ЈП Паркови и зеленило Скопје преку инсталирање на квази синдикат кој работи против работниците да нанесе штета на вработените и да не се усвојат Колективните договори.
Синдикатот СУТКОЗ изминатиот период покрај тоа што ги изготви Колективните договори и преговараше за нивно склучување, беше единствениот синдикат кој кога беше најпотребно на работниците, организираше и прототести и стоеше рамо до рамо со нив!