- Македонски
- English
4.12.2015
Претседателот на Здружението за текстилна индустрија при Организацијата на Работодавачи на Македонија, г-дин Димитар Поповски и претседателот на здружението за кожарско чевларска индустрија при Организацијата на Работодавачи на Македонија, г-дин Костадин Барзов и г-дин Ангелко Ангелковски, претседател на Синдикатот на работниците од текстилна, кожарска и чевларска индустрија при ССМ, денеска свечено ги потпишаа колективните договори за текстилната индустрија и за кожарско- чевларската индустрија.
На потпишувањето присуствуваа и претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија, г-дин Ангел Димитров и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, г-дин Живко Митревски, кои искажаа задоволство со овој чин со кој уште еднаш се потврди дека социјалниот дијалог на бипартитно ниво бележи напредок, во делот на регулирањето на правата и обврските на работниците и работодавачите од стопанството.