Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТРЕБНИ СЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ

ССМ е загрижен поради можните последици кои ќе произлезат од светската енергетска криза која е се поактуелна и поизвесна како и од веќе зголемените цени на основните прехранбени производи.

Сметаме дека први на удар ќе бидат најсиромашните слоеви на работниците и граѓаните, а енормното зголемување на цената на електричната енергија дополнително ќе ги зголеми цените и на егзистенцијалните производи.

ССМ оправдано и постојано во изминатиот период бара и укажува дека Минималната плата не треба да биде под 60 % од просечната плата или истата да изненесува најмалку 18.000 денари и да се предвиди решение со кои и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

ССМ апелира и бара што побрзо да се донесат мерки со кои ќе се спречи зголемувањето на цените на производите по примерот на одредени соседни Држави со кои ќе се заштити животниот стандард на работниците и граѓаните, а Владата, доколку ги послушаше апелите од ССМ од почетокот на оваа година, тоа можеше да го направи и многу порано.

ССМ бара од Владата да не се дозволи енормно зголемување на цената не електричната енергија за домаќинствата, истата да биде контролирана и регулирана на одржливо ниво , при тоа да се прошири опфатот на лица , ранливи категории на потрошувачи на електрична енергија не само на семејства корисници на постојана социјална помош , туку и на пензионерите со најниски пензии, семејствата со минимална плата , семејствата кои немаат вработен член , самохрани родители со ниски примања и сл.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.