Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТРЕБНО Е ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ УСТАНОВИ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ

Денеска, Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов заедно со Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, д-р Љубиша Каранфиловски одржаа состанок со претседателите на Синикалните организации при ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци; ЈОУ Дом за стари лица Сју Рајдер Битола, ЈОУ Дом за стари лица Киро К. Платник Прилеп; ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола; ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение Скопје; ЈУ Специјален завод Демир Капија; ЈУ Детски дом 11 Октомври Скопје каде се разговараше за тешките услови за работа и ниските плати на вработените во овие установи.

На овој состанок беше договорено да се испрати барање за итна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.