Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТРЕБНО Е РЕШАВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Во текот на вчерашниот ден во Министерството за информатичко општество и администрација се одржа работен состанок со министерот м-р Адмирим Алити, на кој присуствуваа претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ д-р Љубиша Каранфиловски со претставници на синдикатот, м-р Дарко Димовски претседател на ССМ и претседателот на Здружението на правници вработени во здравството Луме со свој претставник.

На состанокот од страна на Синдикатот беше изнесена потребата од изземање на административните работници вработени во здравствената дејност од текстот на Законот за административни службеници и нивниот статус во целост да биде уреден во lex specialis Законот за здравствена заштита како „ здравствени административни работници", со што ќе се создаде можност за поинакво и исправно уредување на правата и обврските од работен однос на административните работници во здравствената дејност.

Министерот го слушна барањето на Синдикатот и Здружението на правници и притоа информира дека интенцијата на Законот за административни службеници е административните работници од сите дејности да бидат опфатени со тој закон во кој би биел и тие административни работници кои во изминатиот период биле изземени од истиот, а со еднинствена цел за еднаквост и поголема ефикасност на работата во јавниот сектор.

Во дискусијата Синдикатот истакна дека останува на барањето, но секогаш е отворен за дискусија и подобрување на текстот, а се во интерес на вработените аднинистративни работници во здравствената дејност.

Министерот вети дека секогаш ќе бидат отворени за соработка и дискусија, сите доставени материјали ќе бидат сериозно разгледани и ќе бидат земени во предвид сите предлози и забелешки кои ќе придонесат во насока на подобра перспектива во однос на потребните измени и дополнувања на овие два закони, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за амнинистративни службеници.

Генерално на состанокот се остави простор за понатамошна соработка и продолжување на дијалогот се во интерес на вработените административни работници од здравствената дејност.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.