Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОВИК НА ПРОТЕСТ, 1 МАЈ, 11 ЧАСОТ, РАБОТНИЧКИ ДОМ

Почитувани сестри и браќа,

Работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради односот на креаторите на политиките, кои во последните неколку години водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.

Сведоци сме дека денеска, за креаторите на политиките е најважно да ги зачуваат нивните енормно покачените плати сега веќе за 79%, а од друга страна, дел од работниците во јавниот сектор не добија усогласување на нивните плати со порастот на просечната плата согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, не го прифатија барањето на ССМ за зголемување на минималната плата за дополнителни 6.000 денари со зголемување и на останатите плати за истата вредност.

Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. 

Денес, сите Ние, сите Вие, имаме и имате можност и шанса да покажеме дека тие кои ја водат Државата треба да го слушнат гласот на работниците, имаме можност да го покажеме работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, на кој ќе ги упатиме пораките, нашите и работничките барања.

На 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом со движење, Собрание – Стопанска комора - Влада.

На протестот очекуваме да се придружат сите кои ја поддржуваат работничката борба за достоинствени плати и пристојни услови за работа.

ССМ упатува повик до сите, до работниците, заедно да излеземе на работнички протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и заедно да побараме зголемување на минималната плата на 500 евра, зголемување на останатите плати за 100 евра, зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6% согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.