Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА ИНИЦИЈАТИВАТА НА СИНДИКАТОТ СУТКОЗ ПРИ ССМ И АДКОМ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА КОМУНАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР И ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во одговор на Иницијативата на синдикатот СУТКОЗ при ССМ и АДКОМ за изземање на комуналните работници од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници даде позитивен одговор кој ќе биде изразен преку соодветни измени содржани во предлог на Законот за вработените во јавниот сектор и предлог Законот за административни службеници чие усвојување се предвидува во последниот квартал во годината.

Преку усвојување на предлог законите, работодавачите и вработените во јавните претпријатија од комуналните дејности би биле надвор од опфатот на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

Соработката со Владата и социјалниот дијалог кој го водат синдикатот СУТКОЗ при ССМ и АДКОМ ќе значи решение на долгогодишниот проблем со кој се соочуваат и работниците и работодавачите во комуналните дејнисти и со ставање под законите кои се применливи за нив, а тоа се Законот за работните односи, Законот за комунални дејности и Колективниот договор, ќе престане поделбата на овие работници како до сега во три групи за кои важеа три различни закони, што се покажа како неприменливо во овие комунални јавни претпријатија и со тоа се генерираат проблеми во функционирањето на Јавните комунални претпријатија и се прават поделби на работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.