Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Пратениците кои земаат плата за 4 до 5 пати поголема од минималната плата, веднаш да седнат во пратеничките клупи и да го поддржат и предложат Законот и да ја зголемат минималната плата на 18.000 денари

Пратениците кои земаат плата за 4 до 5 пати поголема од минималната плата, веднаш да седнат во пратеничките клупи и да го поддржат и предложат Законот и да ја зголемат минималната плата на 18.000 денари

Сојузот на синдикатите на Македонија цела 2021 година укажува и бара зголемување на минималната плата на 60% од просечната плата, односно истата да не изнесува помалку од 18.000 денари поради зголемувањето на Синдикалната минимална кошница за 1500 денари во 2021 година и зголемувањето на цените на основните прехранбени производи.

ССМ на 11.11.2021 година достави барања до Владата, МТСП и Собранието во кое покрај другото, главно барање беше зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари со рок од 30 дена за исполнување на барањата.

На 12 .12 2021 година поради немање на слух и разбирање од спротивната страна беше организиран и голем работнички протест по кој едно од барањата за недела неработен ден беше исполнето но за зголемувањето на минималната плата повторно добивме сало ветувања од пратениците и о претставниците на Владата без реализација.

На 17. 12.2021 година ССМ достави и предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за минималната плата до Собранието кој претседателот на Собранието, Џафери во рок од три дена го достави до пратениците.

Побаравме пратениците веднаш да пристапат кон Законска процедура и истите да се одважат на нивото на задачата за што се избрани и да го прифатат предлогот на работниците, со што ќе биде овозможено започнувајќи од платаат за месец јануари 2022 година работниците во Државата да добиваат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата но тоа не се случи.

Политичарите и пратениците на македонскиот работник му ја честитаа новата година со зголемени цени за електрична енергија и парно, но не и со зголемување на минималната плата и зголемување на другите плати.

Ако знаеме дека синдикалната минимална кошница континуирано расте, цените на основните производи исто така растат со забрзано темпо, па на инсистирање на ССМ тие се ограничени до крајот на овој месец, зголемената цена на електричната енергија за 9.5 % и парното за 14%, итна е потребата од зголемување на минималната плата со платата од јануари 2022 година поради тоа што доколку истата не се зголеми, во февруари кога ќе треба да се плаќаат сметките кои се драстично зголемени, работниците нема да можат ниту да си ги прехранат своите семејства ниту да ги плаќаат така зголемените цени.

За да покажеме дека нема негативни ефекти од зголемувањето на минималната плата, Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со познати професори изработи студија за минималната плата и ефектите од истат.

Резултатите од таа студија покажуваат дека нема никаков негативен ефект од покачувањето на минималната плата врз работењето на фирмите. Не се отпуштаат вработените, не се намалува профитабилноста на фирмите, нема друг негативен ефект. Единствениот ефект што се забележува е дека, кога ќе се зголеми минималната плата, фирмите стануваат попродуктивни.

Нашите очекувања се пратениците кои земаат плата за 4 до 5 пати поголема од минималната плата, веднаш да седнат во пратеничките клупи и да го поддржат и предложат Законот и да ја зголемат минималната плата на 18.000 денари што ќе значи и зголемување на останатите плати, а очекуваме и прв чекор на новата Влада да биде токму тоа, зголемување на минималната плата на 18.000 денари со што ќе покаже дека се грижи за равотниците.

Очекуваме на средбата која треба да се одржи на 20 јануари во Владата овој проблем да биде надминат, во спротивно работниците бараат да продолжат активностите започнати на протестот на 12.12.2021 година заедно со штрајкувачките одбори за организирање на генерален штрајк.

Повеќе на линкот

https://m.dw.com/.../%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0.../a-60334079...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.