- Македонски
- English
Основната плата на работниците без оглед на тоа дали работат во приватниот или во јавниот сектор се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж, а најмногу до 20%.
Важно за работниците да знаат е дека под работен стаж се подразбира вкупниот работен стаж кој го остварил работникот кај работодавачот кај кој работи, како и кај работодавачите кај кои работел!
Од тука, не е законски работник кој има минат труд да биде платен само во висина на минималната плата!
Ова право е обезбедено од страна на ССМ со уредување на истото во колективните договори, а подоцна превземено и во неколку законски решенија во јавниот сектор.
Проблем со исплата на минат труд кај работодавачи во кои работниците се синдикално организирани нема, што треба да биде причина плус за приклучување во ССМ!
Во приватниот сектор доколку нема колективни договори нема ниту право на минат труд!
За повеќе работнички права уредени со колективни договори избери синдикат кој се бори !