Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕДЛОЖИВМЕ 2.800 ДЕНАРИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА ЗА СИТЕ ОД ХИГИЕНИЧАР/КА ДО ДИРЕКТОР/КА

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат на територија во јавниот и во приватниот сектор доставува отворени конкретни предлози за зголемување на платите на работниците во јавниот и во приватниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата, во насока на изнаоѓање на одржлив модел за платите на работниците да се зголемат веднаш, а тоа да не претставува сериозна пречка за нормалното работење на институциите, претпријатијата и компаниите.

Предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија со кој бара зголемување на платите на сите работниците е во насока на тоа:

-Основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и - институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје (АЛТЕРНАТИВА: во Јавниот сектор која се обезбедува од Буџетот на Република Северна Македонија, од буџетот на општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, судскиот буџет и од други извори на средства утврдени со закон на органите на државната власт и други државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, установите, јавните претпријатија, заводите, агенциите, фондовите и други правни лица кои вршат дејност од јавен интерес) секоја година се усогласува за изност на зголемување на минималната плата.

-Основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и - институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје (АЛТЕРНАТИВА: во Јавниот сектор која се обезбедува од Буџетот на Република Северна Македонија, од буџетот на општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, судскиот буџет и од други извори на средства утврдени со закон на органите на државната власт и други државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, установите, јавните претпријатија, заводите, агенциите, фондовите и други правни лица кои вршат дејност од јавен интерес) се зголемува минимум во нето износ за 2.800,00 денари сметано со исплатата за месец мај 2022 година заради усогласувањето на платите на вработните во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата објавено во Сл. Весник бр.41 од 24 февруари 2022 година освен доколку со Колективен договор не е поповолно уредено.

-За вработените за кои веќе е извршено усогласувањето со зголемувањето на минималната плата објавено во Сл. Весник бр.41 од 24 февруари 2022 година во износ од најмалку 2.800,00 денари горенаведеното да се смета за завршено.

Овие измени најбрзо можат да се случат преку потпишување на Општиот колективен договор за јавниот сектор, а ССМ истиот модел ќе го примени и со Организацијата на работодавачите на Македонија во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.