Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА РЕАКЦИЈА СО ЈАСНИ БАРАЊА НА СО НА СУТКОЗ ПРИ ЈКП БРЕГАЛНИЦА - ДЕЛЧЕВО ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО !

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА РЕАКЦИЈА СО ЈАСНИ БАРАЊА НА СО НА СУТКОЗ ПРИ ЈКП БРЕГАЛНИЦА - ДЕЛЧЕВО ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО!

Изреволтирани поради тоа што во прашање е доведена егзистенцијата на овие овде вработени кои неможат да си ги остварат единствените законски права од работен однос, односно нередовна исплата на плата, неисплаќање на целосниот износ на регрес за годишен одмор за 2023 год., неисплаќање на регрес за годишен одмор за 2024 год. и покрај тоа што јас, Дарко Гоцевски, како претседател на СО на СУТКОЗ при ЈКП Брегалница- Делчево и претседателот на СУТКОЗ г-дин Стојанче Кашикоски во континуитет баравме од директорот Стојче Стојковски да се погрижи обврските кон вработените редовно да ги сервисира. Од наша страна беше доставено барање за покривање на загубите на Јавното претпријатие до градоначалникот и советот на Општина Делчево но наидовме на незаинтересираност и експресен одговор од градоначалникот г-дин Горан Трајковски во кој очигледно се гледаше негрижата кон работниците од кои тој очекува секојдневен максимален ангажман за општината да биде чиста, уредена и редовно снабдена со вода за пиење. За апсурдот да биде уште поголем истиот тој градоначалник купува елка за новогодишно украсување на градот во вредност околу 20 000 евра. Додека тој помпезно се фали со оваа прескапа елка вработените во ЈКП Брегалница се чудат како ќе ги поминат новогодишните празници без плата.

    СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат во комуналните дејности бил и ќе остане заштитник на работничките права и затоа јавно Бараме од страна на градоначалникот, г-дин Горан Трајковски, 

-Редовна исплата на платите на вработените со цел да не се доведе во прашање нивната егзистенција и загрозување на здравјето на истите поради немање на здравствено осигурување,

-Да престане со деструктивната политика кон ЈКП Брегалница и да почне редовно да ги сервисира обврските кон претпријатието,

-Бараме уште на наредната седница на совет да биде ставена точка на дневен ред за финансиска помош на  ЈКП Брегалница Делчево од Општина Делчево како нејзин основач поради што има законска обврска за истото,

-Бараме итно разрешување на директорот на ЈКП Брегалница од причина што неговото недомаќинско работење го  доведе претпријатието во вака тешка состојба.
 
      Доколку не се прифатат нашите барање во најкус можен рок, СУТКОЗ ќе ги превземе сите можни законски мерки за исполнување на правата од работен однос т.е. вработените ќе стапат во генерален штрајк и ќе се побара кривична одговорност од надлежните институции за раководната структура на претпријатието.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.