- Македонски
- English
Ви укажуваме дека ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА Службен Весник бр. 295 од 27 декември 2021 година во член 4 предвидува дека ,,Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно со закон (во натамошниот текст:празници)."
Согласно соопштение на Министерството за труд и социјална политика се соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија, а 7 јануари 2022 година (петок) Божиќ е неработен ден за сите граѓани.
Ако работодавачот не е во дејностите кои спаѓаат во исклучоците во кои по исклучок од ставот4 на овој член,трговијата на мало може дасе врши: 1) воспецијализирани продавнициили киосци за продажба насладолед, колачи иапетисани, цвеќиња, сувенири,филигранство, весници ицигари, во туристичкитеместа утврдени со Законотза туристичка дејност; 2) вопродавниците на бензинскистаници во чии рамки севрши трговија на малопретежно со храна, пијалоции тутун; 3) во продавници,киосци и штандови во трговските центри (молови)кои имаат минимална ефективна површина за трговија намало од 8.000 м2; 4) на штандови и киосци кадешто се продава добра завреме на спортскинастани, фестивали иманифестации, саеми и завреме на јавната проекцијана кинематографски дела; 5)во продавници за трговијана мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоции тутун во кои трговијата се врши лично само одсопственикот на продавницата и 6) на зелени пазари, истиот не смее да работи на ВО НЕДЕЛА НА ДРЖАВЕН ПРАЗНИК ИЛИ НА ДРУГИ ПРАЗНИЦИ ОПРЕДЕЛЕНИ СО ЗАКОН
На оние работниците кои се во наведените исклучоци им укажуваме дека имаат право на вкупно 250% дневница за работа на празник.
Укажуваме дека „Ако инспекторот на трудот приинспекцискиот надзор констатирадека кај работодавачотработи работник вонедела и на празници,спротивно на членот 25 одовој закон, со решение наработодавачот ќе му забранивршење на работа воработната просторија, односноработниот простор, каде еутврдена неправилноста, вотраење од 15 дена и ќему издаде прекршочен платенналог. Ако работодавачот него прифати прекршочниот платенналог, надлежниот инспектор ќе поднесе барање заповедување прекршочна постапка, согласно со Законот запрекршоците.“.
Прекршувањата да се пријавуваат во ДИТ или ССМ преку апликацијата ССМ - мои работнички права.