Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕГОВОРИ ЗА НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА ВО РУДНИКОТ САСА

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов и Претседателот на ССМ, Дарко Димовски ги посетија колешките и колегите во Рудникот САСА.

Со вработените беше дискутирано за потребата од потпишување на нов Колективен договор во кој ќе се регулираат прашањата кои се отворени, а се поврзани со унапредување на правата на работниците како и за потребата од зголемување на платите на сите работниците согласно зголемувањето на минималната плата.

На средбата со рударите Претседарелите Ѓерасов и Димовски беа запознаени со проблемите и предизвиците со кои се соочени рударите при извршување на редовните задачи, за мерките за безбедност и здравје при работа и за соработката со раководството.

Беше остварена средба и со менаџментот на Рудникот Саса на кој од страна на Ѓерасов и Димовски му беа презентирани барањата за зголемување на платите во рудникот за секој вработен како и за потребата од забрзување на активностите за склучување на нов Колективен договор во рудникот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.