Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕГОВОРИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА ВО АД ПОШТА

Денеска се одржа состанок помеѓу претставници од С.О на А.Д. Пошта на Северна Македонија, Младен Стојаноски и Синдикат на Македонска пошта, Боро Велигденов, Управниот одбор на А.Д. Пошта на Северна Македонија, претседател Јани Мекрадули со Вицепремиерот за економски прашања на Владата на РСМ Г-дин Фатмир Битиќи и Претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Синдикатите сметаат дека сите заеднички треба да работат во насока на изнаоѓање на одржлив модел за платите на работниците да се зголемат веднаш, а тоа да не претставува сериозна пречка за нормалното работење на А.Д.Пошта на Северна Македонија, а очекувањата се дека постапката зголемување на сите плати на вработените во АД Пошта на Северна Македонија ќе следи веднаш поради донесувањето на измената на Законот за минимална плата која сега е во тек и согласно која од март 2022 година висината на минималната плата ќе изнесува 18.000 денари.

Во оваа насока е и донесениот заклучок од страна на Синдикатите и Управниот одбор во АД Пошта на Северна Македонија согалсно кој за реализација на барањето на Синдикалните организации за линеарно покачување на нето платата на вработените во Пошта на РСМ во износ од 3.000 денари започнувајќи со исплата на плата за месец март 2022 година, кое е прифатено од Управниот одбор на друштвото.

Вицепремиерот за економски прашања на Владата на РСМ во рамки на трипартитниот социјален дијалог изрази подготвеност во најкраток рок да се постапи согласно член 8 од Законот за минимална плата за донесување заедничко прифатливо решение за реализација на барањето на Синдикалните организации.

Во таа насока, Валадата на РСМ ќе изготви финансиска конструкција за имплементирање на линерано покачување на нето платата на вработените и во рок од 7 дена ќе се одржи повторно средба на Вицепремиерот со Синдикалните организации и Управниот одбор за усогласување на динамиката за линеарно покачување на нето платата на вработените.

Доколку не се постигне договор во најбрз рок со Владата и Управниот одбор, Синдикалните организации С.О на А.Д.Пошта на Северна Македонија и Синдикат на Македонска пошта поддржани од ССМ ќе продолжат со постапката за организација на протест како и поведување постапка за штрајк на вработените во Пошта со цел да се постигне решение на барањето на вработените за линеарно покачување на платите и заштита на работничките права и достоинство .

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.