- Македонски
- English
Ивана Димитрова од СГИП и Претседателка на Секција на жени при ССМ, избрана за Претседателка на Секција на жени за Европа при Светската организација за градежништво и дрвна индустрија BWI.
На европската регионална конференција која се одржува во Софија од 23-25.10.2024та година организирана од Светската организација за градежништво и дрвна индустрија BWI, Ивана Димитрова од СГИП е избрана за Претседател на Женскиот Европски комитет во период 2024-2027.
Ова е уште еден успех во синдикалното движење за Република Македонија особено за предизвиците со кои се соочуваат жените во секторите градежништво и дрвна индустрија. Ова е доказ дека жените се борат за својата рамноправност на секое поле и докажуваат дека нема машки и женски професии, особено кога се работи во трудо-интензивните дејности на работни места со висок степен на ризик и изложеност на надворешни влијанија.
Синдикат за градежништво - СГИП како единствен репрезентативен синдикат на вработените во градежништвото и шумарството продолжува да се бори и на меѓународен план се со цел обезбедување на здрави и безбедни работни места и достоинствени плати.