Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ВРХОВНИОТ СУД ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕСТАВНИЦИТЕ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ВРХОВНИОТ СУД ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕСТАВНИЦИТЕ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари средба со претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и со претставници од овој Синдикат.

На средбата беше истакнато дека соработката помеѓу највисокиот суд во државата и Синдикатот на УПОЗ како единствен репрезентативен синдикат има исклучиво значење за социјалното партнерство.

„Судската служба има клучна улога за работата на судовите. Правата на судските службеници мора да бидат почитувани и ова особено се однесува на потребата од зголемување на платите. Барањата на судските службеници се легитимни и оправдани. Во време кога судството се соочува со одлив на кадар, проблемите на судската служба мора да бидат решени во најбрз можен рок“, беше заклучено на средбата.

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, истакна дека ќе вложи напори во рамки на своите надлежности да се изнајдат решенија за подобрување на статусот на судските службеници и во таа насока ги поддржа барањата на Синдикатот на УПОЗ. Нагласувајќи ја потребата од взаемен дијалог, Адеми додаде дека ќе иницира средба помеѓу надлежните институции и Синдикатот на УПОЗ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.